Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука со која и предлага на
Академијата за судии и јавни обвинители да ја стави во мирување постапката за
прием на 130 слушатели до завршување на изборите.
– Се задолжува
Академијата за судии и јавни обвинители започнатата постапка за прием на
130 слушатели, да ја стави во мирување
до завршување на изборите за избор на претседател на државата и пратеници во
Одлуката е донесена со четири гласа „за“ и еден „против“.
Против одлуката е дозволена тужба во рок од 24 часа.
Против одлуката гласаше Софија Спасова Медарска, која ги
образложи причините за нејзината одлука. Како што појасни, според Уставот,
судската власт е самостојна, независна и јасно одвоена од законодавната и
извршната власт и согласно тоа процесите што се одвиваат во рамки на
правосудството, не би смееле да се доведуваат во врска и да зависат од
политичките процеси, како што е изборниот процес.
Итноста и неопходноста од нови кадри во рамки на
правосудството, како што изјави таа, можат да ја проценуваат и определуваат
само Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во чија надлежност е да ги
следат состојбите со испразнетите места и да го определат потребниот број на
слушатели кои ќе ги едуцира Академијата во секоја генерација.
Спасова Медарска се осврна и на даденото мислење од страна
на претходен состав на ДКСК, од кое смета дека не треба и не може да се
отстапи, затоа што, нагласи, нема суштинска разлика во состојбите.
На 6 април до Антикорупциската комисија беше доставен
приговор од кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска –
Давкова дека Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на
Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат
Приговорот од Силјановска – Давкова беше поддржан од ДКСК со образложение дека се
основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за
спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што
Академијата на судии и јавни обвинители поднесе тужба која на 13 април беше
разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од
страна на Управниот суд, приговорот беше вратен во ДКСК на повторно
постапување.