logo
logo
logo

Јаневска: Ќе има редовна контрола на студентските домови, студентите ќе добиваат квалитетна храна

Vecer | 28.07.2024

Јаневска: Ќе има редовна контрола на студентските домови, студентите ќе добиваат квалитетна храна

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во интервју за новинската агенција „Мета.мк“ најави проверка на начинот на кој досега работеле студентските домови, и тоа врз основа на поплаките што досега стигнале во министерството, а потоа контролите ќе бидат на редовна основа. Таа посочи и дека ќе се посвети внимание на исхраната на студентите, односно дека студентските домови ќе добиваат квалитетна храна. 

-Досегашните поплаки за работењето на студентските домови ги проследивме до Државниот просветен инспекторат. ДПИ има многу работа, но ги замолувам инспекторите да вложат максимален ангажман, за да можеме да ја поправиме државата. Тоа е неопходно затоа што треба да им овозможиме на младите нормално да функционираат за да можат да градат вредносен систем, да градат морални норми, за да си ја сакаат татковината и да сакаат да придонесат за неа. Затоа ДПИ интензивно влегува и во студентските домови, прво таму од каде што имаме поплаки, а потоа кога ќе ја завршиме ургентната работа, Просветниот инспекторат редовно ќе прави контроли и анализи на нивното работење, посочи Јаневска.

Министерката рече дека е жално што студентските домови, во дел, беа крајно запуштени и нудеа супстандардни услови за живот, затоа што во нив учат младите луѓе кои утре треба да ја градат и водат државата. Укажа дека ќе продолжи започнатото реновирање на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, а наскоро ќе започнат и реконструктивните активности во „Стив Наумов“ во Скопје, но и дека ќе се работи на подобрување на условите во целата држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk