logo
logo
logo

Изгребан автомобилот на Апасиев пред Собрание

Vecer | 29.11.2022

Изгребан автомобилот на Апасиев пред Собрание

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека некој му го оштетил автомобилот марка „алфа ромео“ додека тој како пратеник бил во Собранието. „Ми ја изгребал Алфата на СОБРАНИСКИОТ ПАРКИНГ и си отишол!? Ете, така заврши еден прекрасен пратенички ден“, напиша претседателот на опозициската партија, при тоа објавувајќи фотографија на Фејсбук. Апасиев како новоизбран пратеник пред две години рече дека автомобилот припаѓа на неговата сопруга, а таа тогаш објави дека актуелната вредност на возилото е 2.000 евра.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk