logo
logo
logo

ИСТОРИСКИ ЧАИР ЗА ДУИ

Изет поддржан и од ЖЕНИ, Ахмети од обезбедување: НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД од Артан и КОРУПЦИЈАТА (ВИДЕО)

Vecer | 20.03.2023

Изет поддржан и од ЖЕНИ, Ахмети од обезбедување: НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД од Артан и КОРУПЦИЈАТА (ВИДЕО)

Одговорноста и транспарентноста како и борбата против криминалот и корупцијата во ДУИ се очекувањата на граѓаните од битката на Огнената група.

Ова го покажува истражувањето спроведено во периодот февруари-март од компанијата „Маркет вижн“.

Изет Меџити дојде покрај себе опкружен со жени до него и во прв ред.

Али Ахмети дојде опкружен со обезбедување посилно од 2001 година во Чаир

 

https://vecer.mk/makedonija/vashington-vo-makedonija-gleda-korupcija-bez-kazni-i-sudstvo-pod-politichki-pritisok/

15,3% од граѓаните бараат „отчетност, доверба, слушање на барањата на граѓаните и работа во интерес на граѓаните“.

13% изјавиле дека бараат „спречување на криминалот и корупцијата, чесност, а не личен интерес“.

Истиот процент од 10-13 проценти варира и за потребата од нови работни места, спречување на иселувањето, економски раст и животен стандард.

На прашањето што треба да им биде основна политичка цел ако Огнената група формира нов субјект, 45,3 отсто од граѓаните се изјасниле дека приоритет треба да се даде на борбата против криминалот и корупцијата.

Според оценките на граѓаните врз основа на избирачките единици за Али Ахмети преовладува позитивно мислење и тоа 20 отсто во изборните единици 1, 2 и 3. Груби во сите избирачки единици ужива позитивно мислење под 20 отсто, додека најголем процент на негативно мислење кон него е забележано во ИЕ број 2, единица 5 и единица 6.

https://vecer.mk/makedonija/anketa-medhiti-do-ahmeti-po-pozitivno-mislenje-a-za-grubi-negativno-mislenje-kaj-albancite/

Покрај Ахмети и Груби, за Меџити поголемо негативно мислење има во 5-та ИЕ, додека во единиците 1,2, 3 и 6 граѓаните се изјаснија дека имаат позитивно мислење од 29,8 до 38,7%. Последниот процент се однесува на позитивното мислење за Меџити во ИЕ број 2.

Алсат вчера повикувајќи се на анкетата објави дека Изет Меџити иако не е лидер на партија граѓаните за него имаат најпозитивно мислење, а најнегативно мислење од граѓаните ужива првиот вицепремиер Артан Груби. имено околу 60%.

Меџити е рангиран во групата политички лидери, уживајќи 43,5 отсто од општата поддршка, а пред него се само Али Ахмети со 48,9 отсто и Арбен Таравари со 46%. Процентите се однесуваат на мислења категоризирани како „главно позитивни“ и „целосно позитивни“.

Истражувањето дава и податоци и за односот на ДУИ кон гласачкото тело.

https://vecer.mk/makedonija/1190028/

25,5% од испитаниците оцениле дека ДУИ е достојна за членство во НАТО додека 23,4% од нив сметаат дека ДУИ го губи контактот со гласачкото тело и членството.

13,5% сметаат дека влезот на АА во Владата е спас на вицепремиерот Артан Груби, додека 17,6% сметаат дека влезот на Алијанса го олеснува патот кон интеграција во ЕУ.

Што се однесува до претстојните парламентарни избори, за ДУИ би гласале 25,4%, за огнената група 8,4 отсто доколку се организираат во нова партија, а иста поддршка има и Движењето Беса и Алијанса за Албанците со 7,7 отсто. Алтернатива ужива само 1,3 отсто поддршка според испитаниците.

Анкетата е спроведена од 17 февруари до 5 март на терен и биле вклучени 1.065 албански граѓани на возраст од 18 до 80 години. Компанијата што го спроведе истражувањето има соработувано со Владата, Министерството за образование, Министерството за земјоделство, Министерството за транспорт, Агенцијата за електронски комуникации, Македонската царина и други државни институции.

Ахмети: Потребна е сплотеност, некои се лутат, но нема враќање назад

Дваесет години работевме луѓето да бидат заедно, и вечерва дојдов во Чаир како продолжение на средбите што ги имавме од Полог до Скопје. Во последно време некои се лутат, но кај мене нема враќање назад! Ги почитувам одлуките на мнозинството од партиските тела, но не можам да излезам од патот трасиран со крв и вредности, истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети на вечерашниот митинг во спортската сала „Шабан Трстена“ во Чаир.

– Нашата мисија започна за обединување, да им го дадеме на Албанците тоа што историски го заслужиле, слобода, правда, еднаквост. Јас, Талат Џафери и сите како нас, мора да работиме да го трасираме овој пат и да го направиме просперитетен за новите генерации бидејќи времињата се сменија. Денес се бара образование, квалитет и експерти, па јас сум многу горд на тимот што го има ДУИ во Владата, а оваа гордост се зголемува кога добивам комплименти од меѓународни претставници за тоа колку е добар нашиот имиџ – рече Ахмети.

Порача дека треба да се задржат и поддржат тие професионални кадри да ги покажат своите вештини, а не да се задуши ДУИ.

– Отворете ги рацете и прифатете ги младите, прифатете ја иднината, затоа што не можеме да бидеме дел од Европа без квалитетен и стручен кадар. Во 2001 година ми рекоа, зошто ти требаат Арбен Џафери и Имер Имери. Ни требаа затоа што ни требаше сплотеност и единство повеќе од кога било. Се надминавме себеси по многу прашања, бидејќи единството, сплотеноста ве прави важен, затоа што имаме морална и национална одговорност Албанците да бидат таму каде што заслужуваат – кажа лидерот на ДУИ.

Ги повика политичките лидери, политичарите да го остават на страна гневот, сите да се обединат за земјата да стане дел од Европа, бидејќи, како што наведе „членството во ЕУ е најголемата услуга што може да им се направи на албанските семејства за запирање на миграцијата“.

– Патот кон ЕУ не се запира со пропаганда кон Артан, ние не сме воз туку незапирлив ураган, и не излегувајте пред него зашто ќе ве оддува, порача Ахмети.

Вицепремиерот Артан Груби на собирот во Чаир рече дека е потребно помирување и обединување, а не поделба. Порача дека неговата рака останува подадена, бидејќи, како што посочи „нема ни огорчување, ни лутина“.

– Овде сме вечерва затоа што ни треба помирување и обединување, а не поделба. Раката ми останува подадена, затоа што немам огорченост или лутина, научени сме да бидеме заедно затоа што така ни налага времето и овој е вистинскиот момент. Сите заедно ги трасираме патиштата на ДУИ за интересите на нацијата, а не на поединецот, затоа што ДУИ е на сите, а не на неколкумина. Само слабите се плашат од конкуренција. Ништо не започнало и нема да заврши ниту со мене, ниту со некој друг – рече Груби на митингот во Чаир.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак, во обраќањето на митингот му заблагодари на Али Ахмети за довербата што ми ја дал да биде координатор на ДУИ во Чаир.

– Секој жител на Чаир ја почувствувал топлата рака на Али Ахмети, инвестираше во образованието, формирање на кадри кои не прават горди, затоа му благодариме. Активистите од Чаир се лојални на вашите политики, мисии и визионерски политики. Али Ахмети не се грижи за насловите на весниците туку за судбината на Албанците денес и утре – рече Османи.

Посочи дека самото присуство на Ахмети во саботата во Охрид му дало тежина на настанот.

– Али Ахмети ги обединува Албанците, како што ги обедини во 2001 година за потпишување на Охридскиот договор, а сега ги обединува Албанците на фронтот за Европа. Денес луѓето сакаат европски живот, со европски стандарди и добра, со високи плати и супермодерни институции – истакна Османи.

Претседателот на Собранието Талат Џафери од собирот во Чаир порача дека ДУИ не се занимава со муабети, туку ги спроведува итните барања на граѓаните.

– Мисијата што ја презедовме ќе ја извршиме до крај, бидејќи не се занимаваме со клевети и празни зборови, туку реализираме и спроведуваме – рече Џафери.

Вечерашниот митинг во Чаир е прв голем собир на кој се обрати Ахмети, откако двете „завојувани“ страни на ДУИ половина година оддржуваат паралелни собири.

Пред три недели во Чаир митинг одржа и фракцијата во партијата „огнената група“ на кој беа критикувани министрите на ДУИ, а особено Груби.

Судирот во ДУИ се заостри особено откако Ахмети за координатор на чаирскиот огранок го назначи шефот на дипломатијата Бујар Османи, потег кој за „огнените“ е нестатутарен, бидејќи Изет Меџити е претседател на огранокот на Чаир. Тоа го толкуваат како партиска елиминација на „огнените“ и најава за слични чекори и кон другите „непослушни“ координатори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk