logo
logo
logo

Анкета: МЕЏИТИ ДО АХМЕТИ ПО ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ, а за Груби НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ кај Албанците

Vecer | 20.03.2023

Анкета: МЕЏИТИ ДО АХМЕТИ ПО ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ, а за Груби НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ кај Албанците

Пратеникот Изет Меџити еден од предводниците на огнената група во ДУИ која бара смена на вицепремиерот Артан Груби високо котира кај Албанците во Македонија.

Меџити според последната анкета која ја објави Алсат М, „му дише во врат“ на партискиот лидер Али Ахмети.

Според истата анкета најголем дел од граѓаните се изјасниле негативно за првиот вицепремиер Артан Груби, поточно околу 60 отсто.

„Испитаниците имаат попозитивно мислење за Али Ахмети (48,9%), Арбен Таравари (46%) и Изет Меџити (43,5%) а понегативно мислење имаат за Мендух Тачи (58,6%) и Артан Груби (58, 3%). Најмалку ги познаваат Башким Хасани и Кастриот Реџепи“.

За случувањата во ДУИ и поделбата на „Огнената група“, анкетираните го издвојуваат Меџити како најсоодветен претендент за иден политички лидер. 21,4 отсто од испитаниците сметаат дека Меџити може да биде лидер на политичка партија, а Муса Џафери, Невзат Бејта и Висар Ганиу имаат мала поддршка, односно под 10 отсто.

Во однос на битката во ДУИ, 30,5 отсто од испитаниците сметаат дека војната на огнената група е фер, додека околу 14 отсто оценуваат дека тоа е лична битка против првиот човек на ДУИ, Али Ахмети.

Според анкетата огнената група води фер битка за реформи во ДУИ и реформи во државата (30,5%)

Граѓаните одговориле исто така дека се работи за нивно внатрепартиско прашање, небитно за државата (26,1%)

Воедно според истражувањето, дали огнената група води лична битка против Али Ахмети сметаат 14%.

Анкетата е спроведена од 17 февруари до 5 март на терен, врз основа на анкетата на 1.065 граѓани Албанци, на возраст од 18 до 80 години

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk