logo
logo
logo

ИЗБОРННИТЕ ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ СЕ ОСТВАРЕНИ констатираше Централниот одбор на ЗНАМ

Vecer | 18.12.2025

ИЗБОРННИТЕ ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ СЕ ОСТВАРЕНИ констатираше Централниот одбор на ЗНАМ

Централниот одбор во проширен состав на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија вечерва одржа седница на која беа разгледани и усвоени извештаите и анализите од Локалните избори 2025 година, како и заклучоците за понатамошното политичко дејствување на партијата.

Централниот одбор констатираше дека поставените политички цели за овие избори се реализирани и дека ЗНАМ од изборниот процес излегува посилно, поконсолидирано и политички појасно позиционирано од кога било досега, како сериозна и одговорна политичка сила со јасна насока на развој.

Со речиси 40.000 освоени гласови на советничките листи и присуството на ЗНАМ во повеќе од 45 општински совети, Движењето уште еднаш потврди дека не е ниту проект, ниту привремена појава, туку стабилна и растечка политичка опција со поддршка низ целата територија на државата.

Настапот на ЗНАМ на овие локални избори беше самостоен и принципиелен, со јасна определба дека довербата на граѓаните не се купува по секоја цена, туку се гради со јасни ставови, конзистентни политики и реални резултати.

ЗНАМ свесно избра да расте одговорно и контролирано, водејќи се од долгорочниот интерес на државата, а не од дневно-политички калкулации.

Во таа насока, Централниот одбор ги дефинираше и следните чекори во натамошното јакнење на партиската структура и политичкото дејствување.

Во наредниот период ќе се пристапи кон формирање на Клуб на млади и Клуб на жени во рамки на Движењето ЗНАМ, како организирани форми за активно вклучување на младите и жените во креирањето политики, јакнењето на кадровскиот потенцијал и модернизацијата на политичкиот пристап на партијата.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со уште појасна визија, засилен државотворен наратив и цврста решеност да биде фактор на стабилност, ред и одговорност во македонската политика, уверено дека добиената поддршка од граѓаните претставува темел врз кој ќе се гради уште посилна позиција на следните парламентарни избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk