logo
logo
logo

Хелсиншки комитет: Да престане манипулацијата на децата за политички цели

Vecer | 28.04.2021

Хелсиншки комитет: Да престане манипулацијата на децата за политички цели


Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на најавената дигитализација на образованието, нагласувајќи дека е очигледна и инструментализацијата на ова прашање во политички цели.

„ Децата се подложени на бројни манипулации, лажни вести и дезинформации, кои дополнително ја усложнуваат и онака сериозната состојба која ја наметна пандемијата со Ковид-19 во однос на нивната едукација и секојдневното функционирање. Денешниот бојкот на наставата на средношколците очигледно е дел од таквите злоупотреби, што е потврдено и од страна на Сојузот на средношколци, кој посочува дека ова здружение не е организатор на бојкотот, туку тоа се одредени групи кои манипулираат со јавноста“ велат од Хелсишкиот комитет.

Оттаму со загриженост констатираат дека во континуитет се случуваат активности, кои не само што не се во најдобар интерес на детето, туку претставуваат злоупотреба на децата поради политичко дејствување – нешто што е забрането со Законот за заштита на децата[1], Конвенцијата на ООН за правата на детето и Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба.

Ги повикуваат сите релевантни фактори во државата да ги изземат децата од своите политички активности, да преземат мерки за нивно точно и навремено информирање и на прво место да го стават интересот и добробитта на детето.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk