logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ

Груби ја направи Македонија бизнис-партнер со бугарски мафијаш кој се наоѓа во притвор

Vecer | 30.09.2023

Груби ја направи Македонија бизнис-партнер со бугарски мафијаш кој се наоѓа во притвор

Дали Артан Груби ја направи Македонија партнер во бизнис со бугарски мафијаш дел од кривични постапки кој се наоѓа во притвор!?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Со потпис на Груби е овозможено формирање на три нови фирми за коцкање.

По одлуката на Груби, Лотарија каде директор е шефот на кабинет на Груби распишува оглас во кој се пресликува фирмата 8888.бг на Васил Бошков Черепот, бугарски мафијаш, за кого и Блумберг пишува дека е криминалец, кој се поврзува со многу тешки кривични дела. Истиот веќе подолг период е во притвор во Бугарија и против него се водат сериозни постапки.

Дали Груби ја понижува државата и истата преку Лотарија треба да влезе во бизнис со криминалец во притвор?

Македонија со Груби станува дива коцкарница, каде коцкање ќе организираат белосветски мафијаши.

Ова лудило мора што побрзо да запре. Потребни се промени, велат од партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk