logo
logo
logo

Грци фатен на Табановце со „трева“ и пиштол на дијаболи

Vecer | 24.12.2025

Грци фатен на Табановце со „трева“ и пиштол на дијаболи

На граничниот премин Табановце, при обид за влегување во Македонија, вчера претпладне бил уапсен Т.К.(51) од Грција.

При преглед во возилото „форд“ со германски таблички коешто тој го управувал, во ранец се пронајдени ќеса со марихуана, гасен пиштол „Пиетро Берета“ калибар 4,5мм, кутија со 500 дијаболи калибар 4,5мм и други предмети.

Гркот е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Уште еден грчки државјанин вчера е фатен со „трева“ на Табановце. Исто така при обид да влезе во Македонија, попладнето бил уапсен Д.Т.(28). При преглед во возило „хјундаи“ со грчки национални ознаки, во кое се превезувал како сопатник, во неговиот личен багаж се пронајдени и одземени некоку пакувања со марихуана.

И тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Грци фатен на Табановце со „трева“ и пиштол на дијаболи appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk