Протести под слоган:”Кој е следен?”. И јас се прашувам кој е следниот кој ќе го видиме и чуеме како добива инструкции од српска турбо фолк инструкторка за пучови. Уште се поздравува со несреќникот од една шарена партија со :”Ква, ква, ква”. Веројатно знае дека е недоКВАкан, пишува Солза Грчева
Имаат право сите да бараат правда и да се дознае вистината за сите несреќи кои ги предизвика и неказнето помина претходната власт, вклучително и оваа најголемата. Па така ги споменуваат (дури сега):
Беса Транс автобусот каде живи изгореа околу 50 луѓе- протести немаше;
Онкологија - украдени и продадени на црно најскапи лекови за болните од рак. Бројот на жртви, млади и постари, непознат - Протести немаше
Модуларната болница во Тетово - живи запалени/ задушени 15 луѓе - Протести немаше, итн.
За ниту еден од овие случаи немаше ниту прописна истрага, ниту вистински казни.
Е сега кога се води темелна и неселективна истрага, кога се преземаат и превентивни мерки, излегоа да се побунат.
Шарените пуштени на најјако. Истите ликови. Еднаш шарен (платен), секогаш шарен.
Така не се тагува дечки. Со ква, ква, никого нема да убедите. Чувме и видовме сите. Срамно!
И за крај се чудам зошто не е повикан на разговор манукот кој добиваше инструкции од странство, како да руши држава. За тоа има дело во КЗ.“, напиша таа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата