logo
logo
logo

Ѓорчев: Власта ги пљачка граѓаните со личните документи! Итните постапки се три пати поскапи

Vecer | 22.06.2021

Ѓорчев: Власта ги пљачка граѓаните со личните документи! Итните постапки се три пати поскапи

Владата на СДСМ и Зоран Заев му приредија на народот фијаско и дебакл на народот и граѓаните со недостатокот на лични карти, возачки дозволи, регистрации за возилата како и за пасоши, рече на прес-конференција Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Станува збор за очајна мерка за полнење на буџетот, затоа што буџетот е празен, затоа што граѓаните се опљачкани и се зголемуваат давачките. Неколку примери, цената за редовна процедура за издавање пасош е 1,600 денари. Владата СДСМ и Зоран Заев ги принудуваат граѓаните на итна процедура која што чини три пати повеќе односно 4,800 денари, иста е работата и со возачките дозволи, редовната процедура која што сега не е достапна е 280 денари, итната процедура е 840 денари, три пати повеќе се земаат пари од граѓаните. Значи ова фијаско коешто го приредува власта нема само последица за стресови на граѓаните, да не може да си ги завршат работите, да не може нормално да се движат, да патуваат, туку има за последица и нивно масовно пљачкање и осиромашување. Уште еднаш ова е фијаско, катастрофа и дебакл на власта. Власта не е во можност да ги сервисира основните потреби на граѓаните, а тоа е издавање на пасоши, лични карти, возачки дозволи, регистарски таблички за возилата, истакна Ѓорчев.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги скуси овие процедури, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде одговорна и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе им приреди ефикасни процедури за издавање на личните документи на граѓаните на Македонија, додаде тој.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=0bGunWv7BEE[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk