logo
logo
logo

ФОТО I Детали за падот на малиот авион во Мавровско езеро, повредени двајца Косовци

Vecer | 12.12.2025

ФОТО I Детали за падот на малиот авион во Мавровско езеро, повредени двајца Косовци

Денеска во 12:35 часот во СВР Тетово – ОВР Гостивар е пријавено дека во Мавровското езеро, во близина на браната „Белички канал“ паднал мал спортски авион, потврдуваат од МВР.

Според пријавеното, од авионот на копното успеале да излезат двајца косовски државјани Џ.П.(41) и Д.М.(64), кој го управувал леталото.

Тие се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Гостивар за укажување помош.

-Полициски службеници од Полициското одделение Маврово веднаш излегле на местото и во разговор со нив Д.М. изјавил дека поради проблем со моторот слетал во езерото, информира МВР.

The post ФОТО I Детали за падот на малиот авион во Мавровско езеро, повредени двајца Косовци appeared first on NetPress.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk