logo
logo
logo

Филипче од Србија: Вакцината против корона ќе стане сезонска

Vecer | 20.04.2021

Филипче од Србија: Вакцината против корона ќе стане сезонска

Голема е веројатноста вакцината против коронавирусот да стане сезонска. Поради тоа министерот Венко Филипче го посети институтот „Торлак“ во Србија, каде ќе се произведуваат вакцини. Ова е обид навреме да се обезбеди стратешки партнер, кој ќе испорачува доволна количина дози, доколку биде потребно.

„Договоривме дека институтот Торлак ќе биде наш стратешки партнер што се однесува до набавката на вакцини во периодот кој е пред нас. Најверојатно оваа пандемија се уште ќе трае, големи се шансите оваа вакцини да биде сезонска.“, рече Филипче, пренесува ТВ21.

Филипче го прошета целиот институт, а праша и за капацитетот на производство. Дали би можеле да се испорачаат потребните количини. Доби уверување дека тоа воопшто не е проблем.

https://www.youtube.com/watch?v=dCbPiUZFFBs

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk