logo
logo
logo

Зошто Филипче НЕ СЕ ОГРАДУВА ОД НАРКОДИЛЕРОТ СТОЈКОВ? (ФОТО)

Vecer | 07.05.2025

Зошто Филипче НЕ СЕ ОГРАДУВА ОД НАРКОДИЛЕРОТ СТОЈКОВ? (ФОТО)

Венко Филипче со тоа што молчи и не се оградува од наркодилерот Андон Стојков, им дава лош пример на младите. Поранешниот претседател на СДММ Струмица, Андон Стојков и близок човек на Заев и Филипче во Штип е фатен од страна на полицијата со дрога, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче се опкружени со криминалци и уживатели на психотропни супстанци.

Дали за Филипче е нормална појава користењето на психотропни супстанци, бидејќи се почесто неговите партиски функционери се фатени со дрога.

Што има заедничко Филипче со уживатели на дрога и криминалци и зошто постојано настојува да е опкружен со нив и на приватни настани и забави.

Што прават младите на состаноците на партиските подмладоци на СДС низ Македонија и дали се безбедни?

Каков пример им дава Филипче на младите во државата?

Дали Филипче молчи затоа што можеби и тој има корист од наркотрговијата на Стојков, и поради тоа молчи и го штити Стојков?

Јавноста ја виде вистината за СДС на дело, партиските функционери на Филипче и Заев се опкружени со криминалци, бандити и наркодилери.

СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk