logo
logo
logo

„Нашето партнерство со УНДП е пример за ефективна и доверлива институционална соработка“

Vecer | 12.06.2025

„Нашето партнерство со УНДП е пример за ефективна и доверлива институционална соработка“

Кога соработувате со партнер со кој имате заедничка визија, времето минува незабележливо, но резултатите остануваат трајни, напиша министерот Перински на својот фејсбук профил.

„Нашето партнерство со УНДП претставува пример за ефективна и доверлива институционална соработка за унапредување на локалниот развој и градење инклузивни, одржливи и отпорни општини.

Во изминатите години, генералниот фокус на ова партнерство беше процесот на децентрализација, процес кој претставува еден од клучните стратешки приоритети на државата.

Ја честитам триесетгодишнината од присуството на УНДП во земјава и посакувам уште многу години плодна и успешна соработка.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk