logo
logo
logo

Нови директори на клиниките за Кардиологија и Неврологија

Vecer | 08.08.2025

Нови директори на клиниките за Кардиологија и Неврологија

Д-р Даница Петкоска Спирова е нов директор на Клиниката за кардиологија. Таа е истакнат субспецијалист кардиолог специјализиран за напредна трансторакална и трансезофагеална ехокардиографија, како и дуплекс ехосонографија на каротидните артерии.

Со своите вештини се здобила во својата матична установа, со доусовршување при престој во светски кардиолошки центри. Диломирала на Медицинскиот факултет во Скопје 2007 година, а последно се здобива со звањето Доктор по медицински науки со фокус на Кардиологијата, поточно во полето на инвазивни техники во третман на каротидната артериска болест, за која има бројни предавања на интернационални стручни и научни конгреси.

Од 2011 година е вработена на Универзитетската Клиника за Кардиологија каде што ја применува својата експертиза во напредни дијагностички и терапевтски процедури.

Д-р. Петкоска придонела за оваа област со бројни публикации во рецензирани списанија со висок импакт фактор и е учесник во повеќе интернационални научни студии од областа на Кардиологијата.

Др. Игор Кузмановски, роден 1972 во Скопје е вработен на Клиниката за неврологија од 1996 година.  Тој сега е назначен за нејзин директор.

Завршува медицински факултет на државниот универзитет во Скопје со просечна оцена 9.12. Положил специјалистички испит по предметот Неврологија во 2002.

Докторирал 2016 и е актуелен професор на Медицински факултет Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk