logo
logo
logo

ДАЛИ ТРОЈЦАТА КАВАДАРЧАНИ ИМАЛЕ НАМЕРА ДА ИЗВРШАТ УБИСТВО? Откако го претепале до смрт сограѓанинот пред казиното, се сокриле во стан

Vecer | 28.08.2025

ДАЛИ ТРОЈЦАТА КАВАДАРЧАНИ ИМАЛЕ НАМЕРА ДА ИЗВРШАТ УБИСТВО? Откако го претепале до смрт сограѓанинот пред казиното, се сокриле во стан

Тројцата мажи кои до смрт претепаа едно лице пред казино во Кавадарци ќе одат на психијатриско вештачење за, меѓу другото, да се утврди дали имале намера да го лишат лицето од живот. Ако се утврди, делото во пријавата ќе се прекфалификува како убиство, информираше Јавното обвинителство потврдувајќи дека е поведена истрага за да се соберат сите потребни докази.

Тие во моментот се осомничени за тешка телесна повреда со смртни последици.

Давајќи детали за случајот, Обвинителството соопшти дека лицата по нападот не се пријавиле во полиција, туку се сокриле во станот на еден од нив.

„Од тие причини јавниот обвинител оцени дека притворот е неопходен за непречено водење на постапката и обезбедување на сите докази“, се наведува во текстот.

Во соопштението се вели и дека нападот продолжил надвор од казиното.

„Потоа излегле надвор, физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава“.

Оштетениот се обидел да се врати во објектот, но изгубил свест. Подоцна починал од тешките повреди кои му биле нанесени.

За случајот во средата, 27 август, се огласи и Министерството за внатрешни работи (МВР). Се работи за тројца мажи, двајца 27-годишници и еден на 35 години кои нападнале 43-годишниот П.Т. од Кавадарци  на задниот влез од казинот на улицата Никола Минчев. И покрај укажаната помош, екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт во 05 и 15 часот наутро.

„Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци. Тие биле приведени и задржани во полициска станица. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полициското соопштение.

Случајот бил пријавен во 04:56 часот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk