logo
logo
logo

СКОПЈЕ ПОД ЛУПА: санкции за небезбеден јавен превоз

Vecer | 25.03.2026

СКОПЈЕ ПОД ЛУПА: санкции за небезбеден јавен превоз

Вчера во периодот од 08:00 до 12:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на град Скопје со цел контрола на возачи и возила со кои се врши јавен превоз на патници.

При контролата изречени се шест мерки за возачи кои вршат јавен превоз на патници без да поседуваат задолжително лекарско уверение, четири мерки за технички неисправни возила со кои се врши јавен превоз на патници, четири мерки за превезување на повеќе патници од пропишаното во сообраќајната дозвола, една мерка за измината важност на возачката дозвола, една мерка за управување со автобус со несоодветна возачка категорија, една мерка за неизвршен вонреден технички преглед на автобус и осум мерки за останати прекршоци. Поднесени се и 14 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.

Едно лице е лишено од слобода и времено одземено е едно возило за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно вршење јавен превоз без поседување возачка дозвола.

Акциските контроли ќе продолжат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста и заштита на учесниците и патниците во сообраќајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk