Седумнаесет нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker) за македонската Армија денеска се промовирани во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец.
Возилата се набавени од Соединетите Американски Држави, како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила.
Согласно договорот, предвидена е набавка на 42 возила „страјкер“, а денешната презентација на 17-те возила е дел од првата испорака.
Претходно, исто во соработка во САД и договор на принципот Влада-со-Влада, се испорачаа и 96-те JLTV лесни оклопни возила.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата