logo
logo
logo

Јанушев: Се воведуваат јасни и унифицирани правила за избор на директори, членови на управни одбори и државни секретари

Vecer | 21.01.2026

Јанушев: Се воведуваат јасни и унифицирани правила за избор на директори, членови на управни одбори и државни секретари

Транспарентен, отчетен, професионален, квалитетен и ефикасен јавен сектор во служба на граѓаните, ориентиран кон резултати, е целта на предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, рече денеска генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.

На јавната дебата за предлог-законот Јанушев потенцира дека целта е обезбедување еднаков пристап до функциите и именувања според заслуги, како и непристрасно и одговорно вршење на работите на органите на државната управа во насока на јакнење на владеењето на правото и унапредување на ефикасноста на сите органи.

– Функциите на високите раководители треба и мора да се достапни за сите заинтересирани кандидати под еднакви услови. Именувањето висок раководител е предвидено да се врши во транспарентна, фер и конкурентна постапка за селекција, со што се гарантира изборот на најуспешниот и најдобар кандидат, истакна Јанушев.

Со законот, дополни, се воведуваат јасни и унифицирани правила за избор на директори, членови на колегијални органи, управни одбори и државни секретари.

– Со ова се стремиме кон намалување на влијанието при именување на високите раководители. Евидентни се посветеноста и заложбата на оваа Влада на реформите на јавната администрација, рече Јанушев.

Пред генералниот секретар на Владата се обрати министерот за јавна администрација, Горан Минчев, презентирајќи го предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk