logo
logo
logo

Мицкоски: Почната е темелна реконструкција на „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 1

Vecer | 02.01.2026

Мицкоски: Почната е темелна реконструкција на „Мајски Цвет“ во Тафталиџе 1

Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи информира дека во рамки на стратешките заложби за подобрување на условите во детските установи и зголемување на квалитетот на предучилишното воспитание, почната е темелна реконструкција на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ во населбата Тафталиџе 1 – еден од најзначајните капацитети за згрижување и едукација на деца во Општина Карпош.

Проектот опфаќа целосно обновување на постојниот објект, со активности кои вклучуваат градежни и технички зафати за подобрување на функционалноста, безбедноста и енергетската ефикасност на просторот.

Со реализацијата на овој проект, како што посочува Мицкоски, не само што се модернизира објектот, туку и се овозможува простор што ги стимулира креативниот, социјалниот и емоционалниот развој на децата од најрана возраст.

-Инвестицијата изнесува 108.941.063 денари и е финансирана од Владата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади, како дел од поширокиот процес на унапредување на јавната социјална инфраструктура, со фокус на еднакви услови за сите деца и создавање на основи за здраво и безбедно детство. Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина, напиша премиерот во објавата на својот Фејсбук профил.

Предвидена е замена на покривната конструкција, реконструкција на внатрешните простории и адаптација на просторот според современи педагошки стандарди. Ќе се обноват санитарните јазли и ќе се изведат мерки за топлотна изолација, што ќе придонесе за поудобен и поекономичен престој на децата и вработените.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk