logo
logo
logo

Европа дава поддршка и ПАРИ, НО СДСМ, ЛЕВИЦА И ДУИ ГИ ОДБИЈА И ПАРИТЕ И ЕВРОПА И ЗАКОНОТ

Vecer | 15.07.2026

Европа дава поддршка и ПАРИ, НО СДСМ, ЛЕВИЦА И ДУИ ГИ ОДБИЈА И ПАРИТЕ И ЕВРОПА И ЗАКОНОТ

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски за ова виновни се ДУИ, СДСМ и Левица. Политичките партии не постигнаа договор и покрај повиците за компромис и предупредувањата дека Македонија може да остане без 4,2 милиони евра од европските фондови.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно ги повика политичките субјекти да направат последен обид за усогласување на ставовите, но оцени дека недостига политичка зрелост за постигнување договор.

Од Левица обвинија дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат договор за задржување на постојниот изборен модел, тврдејќи дека тој им одговара на големите партии. СДСМ одговори дека Левица, со нападите кон опозицијата, всушност ја штити власта на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи дека не придонесува за опозициско обединување.

Евроамбасадорот Михалис Рокас апелираше политичките партии да постигнат договор, нагласувајќи дека усвојувањето на реформските закони е предуслов за користење на европската финансиска поддршка.

Со недонесувањето на Изборниот законик опозициските партии не ја оштетија само дијаспората, туку и граѓаните кои живеат во државата, изјави пратеникот Стојаноски.

Според него опозицијата со своето однесување покажала дека својот партиски интерес го ставаат пред изјавите на еврокомесарката за проширување Марта Кос и шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Михалис Рокас, кои рекоа дека донесувањето на измените на Изборниот законик е дел од пакетот обврски на земјава од Реформската агенда.

„Четири месеци преговарање во рамки на Министерството за правда, средби во Собранието, отворена понуда од владиното мнозинство кон опозицијата и повторно, опозицијата не смогна сили да седне, да го договори Изборниот законик, онака како што ним им одговара и да го поднесеме во Собранието, за да може денес да го усвоиме. Оваа коалиција не ја оштети само дијаспората, ги оштети и граѓаните кои живеат во нашата држава, но покажа и дека изјавите на Кос и Рокас, коишто се европски претставници, не значат ништо пред нивниот политички интерес“, рече Стојаноски.

Тој посочи дека иако кажале, опозициските партии не се сретнале ниту еднаш за да изградат заедничка позиција за Изборниот законик и да ја достават до ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер и премиер Христијан Мицкоски во повеќе наврати кажа дека ќе го прифати секое нивно барање, но само доколку во законот се внесе нов начин на гласање на дијаспората, кој би се вршел електронски или по пошта.

Тој најави дека и во наредниот период ќе продолжат да разговараат за ова прашање и дека ќе им остават можност на опозициските партии да се договорат, но проблемот „е што тие не сакаат да се договорат поради партиски интереси поврзани со следните избори“.

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања изјави дека не е оптимист дека на денот кога истекува дополнителниот рок ќе се постигне договор и консензус за Изборниот законик. И тој повтори дека владејачката коалиција понудила опција – опозицијата заедно да договори предлог-измени, а власта „бланко“ да ги поддржи, со единствен услов – гласањето на дијаспората да биде вклучено. Премиерот уште еднаш ги повика политичките актери од опозицијата да покажат зрелост и да се договорат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk