logo
logo
logo

Од денска ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ЌЕ ЧИСТАТ ПАТИШТА, А И ДРУГО - ШТО ЌЕ ЗАТРЕБА

Vecer | 15.07.2026

Од денска ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ЌЕ ЧИСТАТ ПАТИШТА, А И ДРУГО - ШТО ЌЕ ЗАТРЕБА

Од денеска започна седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ државата, која ќе трае до 22 јули 2026 година.

Акцијата се реализира во соработка меѓу Управата за извршување на санкциите и ЈП „Македонија Пат“, согласно потпишаниот Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица.

Увид во почетокот на активностите денеска извршија заменик-директорот на ЈП „Македонија Пат“, Александар Шуковски, како и претставници од Кабинетот на директорот на Управата за извршување на санкциите, Александар Пандов.

Во акцијата се вклучени осудени лица од повеќе казнено-поправни установи, меѓу кои затворите во Идризово, Штип, Прилеп, Куманово, Битола, Скопје, Гевгелија, Струмица и Струга.

Според Управата за извршување на санкциите, осудените лица се работно ангажирани на делници од магистралните и регионалните патишта кои се наоѓаат во непосредна близина на установите каде што ја издржуваат казната. За време на ангажманот тие се под постојан надзор на припадниците на затворската полиција.

Целта на акцијата е подобрување на хигиената покрај патната инфраструктура, преку координирана соработка меѓу институциите и работно ангажирање на осудените лица во активности од јавен интерес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk