logo
logo
logo

Пленковиќ од Брисел: Хрватска останува силен поддржувач на Македонија за ЕУ

Vecer | 19.03.2026

Пленковиќ од Брисел: Хрватска останува силен поддржувач на Македонија за ЕУ

Хрватска ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека земјата заслужува јасна ЕУ-перспектива, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по синоќешната средба со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во Брисел.

Пленковиќ на својот налог на „Икс“ објави дека со Мицкоски размениле мислења за актуелните глобални случувања.

-Мило ми е што се сретнав со премиерот на Македонија во Брисел. Разменивме мислења за геополитичките предизвици, безбедноста на снабдувањето со енергија во Југоисточна Европа, како и за мерките што ги преземаат двете влади за борба против порастот на цените на енергентите. Хрватска ќе продолжи да ја поддржувa Македонија на нејзиниот пат кон членството во Европската Унија. Веруваме дека Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива, напиша Пленковиќ.

Тој и Мицкоски учествуваат на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија во Брисел, во чии рамки треба да се одржи и самит на лидери.

Мицкоски, синоќа, на својот фејсбук-профил, информира за средбата со хрватскиот колега, нагласувајќи дека актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива биле во фокусот на разговорите.

-На средбата беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива, со посебен акцент на унапредување на билатералните односи и партнерството во рамки на европското семејство, наведе Мицкоски.

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, кој со партиска делегација е во Брисел, до 20 март ќе присуствува на Конгресот на Европската народна партија, на кој се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk