logo
logo
logo

ЌЕ ИМА НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО СУДОВИТЕ, а судиите ќе почекаат за зголемени плати

Vecer | 22.03.2026

ЌЕ ИМА НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО СУДОВИТЕ, а судиите ќе почекаат за зголемени плати

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во моментов нема простор за зголемување на платите во правосудниот сектор, но нагласи дека Владата е подготвена да инвестира во ресурси и услови за работа.

Одговарајќи на изјавите на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, кој побара поголема финансиска поддршка за поефикасна борба против криминалот, Мицкоски посочи дека може да се разговара за подобрување на алатките и капацитетите, како во Обвинителството, така и во судовите.

Тој информира дека, согласно планот на Судски совет, одобрени се околу 200 нови вработувања во судовите низ државата. Станува збор за судски соработници, а не за судии, што претставува значаен чекор за подобрување на ефикасноста на правосудниот систем.

Премиерот додаде дека средствата за овие вработувања се веќе одобрени од Министерство за финансии и дека Владата нема да се меша во кадровските решенија, кои се изработени од самите институции.

Од друга страна, Савески, кој неодамна ја презеде функцијата, истакна дека за ефикасна борба против криминалот се неопходни дополнителни финансиски средства и подобри услови за работа, нагласувајќи дека институциите мора да располагаат со соодветни капацитети за да го следат и санкционираат криминалот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk