logo
logo
logo

СДСМ и ДУИ се минато, порача ВМРО-ДПМНЕ

„БУЈАР, АРТАН, ЗАЕВ, АЛИ И ФИЛИПЧЕ ЈА ЖРТВУВАА И ЈА ОГРАБИЈА МАКЕДОНИЈА“

Vecer | 27.08.2025

„БУЈАР, АРТАН, ЗАЕВ, АЛИ И ФИЛИПЧЕ ЈА ЖРТВУВАА И ЈА ОГРАБИЈА МАКЕДОНИЈА“

Кога ќе бидат фатени со рацете во медот, Бујар Османи и неговите колеги се кријат зад етнички теми. Но, Албанците не се ДУИ, ниту пак ДУИ има право да зборува во нивно име - Албанците во Македонија се чесни граѓани кои сакаат ред, правда и развој, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Бујар Османи продолжува со истата матрица – секоја критика за криминалот на ДУИ тој ја претставува како „поттик на поделби“, а вистината е сосема спротивна – поделбите и неправдите во државата настанаа токму поради власта на СДСМ и ДУИ и нивните криминални тендери, корупцијата и злоупотребата на институциите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Бујар, Артан, Заев, Али и Филипче се коалиција на злото која ја жртвува Македонија за да ја ограбат државата и народот. Кога ќе бидат фатени со рацете во медот, Бујар Османи и неговите колеги се кријат зад етнички теми. Но, Албанците не се ДУИ, ниту пак ДУИ има право да зборува во нивно име. Албанците во Македонија се чесни граѓани кои сакаат ред, правда и развој, а тоа е спротивно од она што го нудат Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Венко Филипче и Зоран Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, колку и да се обидуваат да ја претворат борбата против криминалот во „етничко прашање”, тие добро знаат дека нема да успеат, се додава во соопштението.

„Народот кажа јасно: криминалот не се исплати, а ДУИ и СДСМ се минато“, порача владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk