logo
logo
logo

КОЧО АНЃУШЕВ Е ДОНАТОР на финалната градба на црквата Св. Константин и Елена во Скопје

Vecer | 31.05.2025

КОЧО АНЃУШЕВ Е ДОНАТОР на финалната градба на црквата Св. Константин и Елена во Скопје

Речеиси 13 години по поставуавње на камен темелникот на црквата Свети Константин и Елена во Скопје, изградбата влегува во финална фаза и Скопје ќе добие нов градски симбол, а МПЦ црква која според својата архитектура и естетика спаѓа меѓу најубавите современи црксви во региовот.

Финалната фаза на гтрадбата се случува благодарние на донации.

Македонскиот бизнисмен и поранешен вицепремиер, проф. д-р Кочо Анѓушев, активно учествува во завршувањето на црквата „Св. Константин и Елена“, сместена во срцето на Скопје, на улицата Македонија.

Со лична донација, како и преку поддршка од компаниите во негова сопственост, Анѓушев веќе втора година го финансира изработувањето на фреските и целокупниот фрескоживопис во храмот.

Ангажманот следува по јавниот повик од Македонската православна црква – ОА упатен пред две години, со кој се повикаа општествено одговорни личности да придонесат за довршување на овој значаен духовен и културен објект во центарот на главниот град.

Ова не е прв пат Анѓушев да помага црковни проекти – претходно учествуваше во изградбата на црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, каде исто така го финансираше фрескоживописот. Поддршката на храмот ,,Св. Константин и Елена’’ има и лична, семејна димензија, бидејќи имињата на светците на кои е посветен храмот ги носат самиот донатор и неговите внуци.

Како се градеше црквата Свети Констанин и Елена

Првобитниот храм бил граден пред и по Првата светска војна, а бил осветен во 1926 година. Во земјотресот во 1963 година црквата имала оштетувања кои не биле сериозни за да биде урната, но на почетокот на 1970тите години храмот бил миниран за да се изгради Градскиот трговски центар.

Осветувањето на темелите било извршено на 11 ноември 2012 година лично од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот брегалнички Иларион и свештеници од Скопската епархија.

Идејното решение и основниот проект на црквата било изработено од архитектите Искра Лековска и Владимир Лековски од Скопје, додека изградбата на црквата ја вршела фирмата „Бетон“.

Црквата е во форма на крст и има една централна и четири помали куполи, како и четири апсиди и една олтарна апсида. Камен-темелникот бил поставен на 11 ноември 2012 година, а инвеститор на изградбата била МПЦ која за таа цел ја основала Фондацијата „Свети цар Константин“.

За да соберат пари за изградба на црквата, фондацијата одржала три донаторски конференции. За потребите на црквата биле изработени 12 камбани, направени во фабриката „Грасмаер“ од Инсбрук, од кои, најголемата камбана е со тежина од 8,3 тони, а втората и третата камбана тежат 3,5 и 2,3 тони.

Пластичната декорација и иконите на камбаните се дело на Дарко и Елена Дуковски. На најголемата камбана стои натписот: „Во слава на пресветата и единосушна тројца, отецот и синот и светиот дух и во чест на светите рамноапостолни цар Константин и царица Елена, се излеа ова ѕвоно во летото на Христа 2014“, додека на второто по големина ѕвоно стои натписот: „Боже чувај ја татковината наша света македонска и нашиот благоверен народ.

Сега, кога градбата на црквата влегува во финалн фаза, нејзиното глаавно обележје на интериерот, изработувањето на фреските и целокупниот фрескоживопис, е последниве две години финансирано од бизнисменот, професот Кочо Аншушев. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk