logo
logo
logo

Владини повереници ќе раководат со четирите општини додека се изберат градоначалници

Vecer | 07.11.2025

Владини повереници ќе раководат со четирите општини додека се изберат градоначалници

Владата во текот на следната недела ќе назначи владини повереници во четирите општини во кои локалните избори беа неуспешни затоа што во првиот круг не беше исполнет законскиот цензус од една третина излезност на гласачите.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека чекаат Државната изборна комисија официјално да ги заврши изборите.

– ДИК треба да ја информира Владата, по што Владата има рок од 15 дена да именува повереници и да ги информира ДИК и Собранието, а Собранието треба да закаже нови избори во рок од 60 дена. На повторените избори ќе нема цензус. Следната недела очекувам да седнеме со коалициските партнери во Владата и да ги предложиме имињата на владините повереници во тие општини – рече Мицкоски.

Се работи за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk