logo
logo
logo

ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ МУ ДОНЕСЕ КРИВИЧНА НА МАРКО БИСЛИМОВСКИ: Не им ја одзел лиценцата навреме

Vecer | 29.01.2026

ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ МУ ДОНЕСЕ КРИВИЧНА НА МАРКО БИСЛИМОВСКИ: Не им ја одзел лиценцата навреме

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против М.Б., во својство на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија. Пријавата е поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ според член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според пријавата, М.Б. злоупотребил својата службена положба и овластувања така што, спротивно на Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, не отпочнал навреме постапка за одземање на лиценца за вршење енергетска дејност од правното лице ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, иако компанијата не ги исполнувала законските услови за трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт (вклучително еуродизел БС Д-Е V, биодизел, еуросупер БС 95, екстра лесно 1 – ЕЛ-1 и течен нафтен гас – ТНГ).

Наместо да ја одземе лиценцата веднаш, како што бара законот, М.Б. донел незаконско решение за прекин на постапката, по што лиценцата била одземена дури на 14 април 2025 година, наместо на 15 јануари 2024 година. Со ова, компанијата незаконски продолжила со енергетска дејност повеќе од 15 месеци и имала можност да учествува и да склучува договори за јавни набавки.

Според Управата за финансиска полиција, овие дејствија резултирале со повреда на законските прописи и овозможиле на ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје да оствари вкупен промет од 194.520.962 денари и противправна имотна корист од 14.093.576 денари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk