logo
logo
logo

Основниот кривичен суд ќе воведува вештачка интелигенција со помош на студентите од Бреинстер Некст

Vecer | 23.07.2025

Основниот кривичен суд ќе воведува вештачка интелигенција со помош на студентите од Бреинстер Некст

Основниот кривичен суд Скопје, Здружението на судии на РСМ и приватната високообразовна институција Бреинстер Некст денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел воведување иновативни дигитални алатки и технологии базирани на вештачка интелигенција за подобрување на судските постапки и унапредување на пристапот до правдата.

Студентите од Бреинстер Некст ќе учествуваат во практична работа во судот, развивајќи апликации кои ќе овозможат пренос на аудио записи од расправите во текстуален формат на македонски јазик, унапредена технологија за снимање аудио и видео, брзо и автоматско анонимизирање на судски пресуди, подобрување на веб-страницата и активна комуникација преку социјални мрежи.

Во рамки на соработката, се гарантира заштита на личните податоци, без пристап на студентите до неправосилни предмети, во согласност со законските прописи.

Иницијативата има за цел да го олесни работењето на судиите, да обезбеди ефикасност, транспарентност и пристапност, и да ја збогати судската пракса со објавени пресуди од интерес за медиумите, НВО секторот и пошироката јавност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk