Управата за хидро-метеоролошки работи известува дека денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег.
Според УХМР, пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во наредните два дена се очекува променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб јужен ветер, а температутите ќе бидат во благ пораст.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата