logo
logo
logo

Велес платил 12 милиони денари ЗАРАДИ НАПАДИ НА КУЧИЊА СКИТНИЦИ ВРЗ ГРАЃАНИТЕ. А СКОПЈЕ?

Vecer | 14.12.2025

Велес платил 12 милиони денари ЗАРАДИ НАПАДИ НА КУЧИЊА СКИТНИЦИ ВРЗ ГРАЃАНИТЕ. А СКОПЈЕ?

Кучињата скитници, а особено во Скопје, се голема закана за безбедноста на граѓаните и досега немало сериозни обиди ниту резултатаи тоа да се реши. Патем, последиците од нападите на кучињата скитници се и трошок за општините и градот Скопје. Еве како по тоа прашање поминале во Велес.

Општина Велес во првите 11 месеци од годинава исплатила рекордни 11,8 милиони денари како отштета на граѓани каснати од бездомни кучиња, покажуваат податоците од локалната самоуправа.

Според информациите, бројот на пријавени случаи е значително зголемен, а меѓу оштетените има и цели семејства кои биле нападнати, како и поединци кои повеќепати биле каснати. Во еден од евидентираните случаи, исто лице било нападнато дури четири пати, по што добило соодветна отштета.

Надлежните посочуваат дека најголем дел од средствата се исплатени по судски одлуки, а трошокот сериозно го оптоварува општинскиот буџет. Истовремено, проблемот со бездомните кучиња останува нерешен и продолжува да предизвикува загриженост кај граѓаните.

Од Општина Велес најавуваат дека ќе се бараат долгорочни решенија за намалување на бројот на бездомни животни, како и мерки за зголемување на безбедноста на јавните површини, со цел да се спречат нови напади и дополнителни финансиски трошоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk