logo
logo
logo

Почина доктор Илија Џонов, невропсихијатар, еден од најистакнатите доктори во Македонија

Vecer | 23.11.2025

Почина доктор Илија Џонов, невропсихијатар, еден од најистакнатите доктори во Македонија

Почина проф. д-р Илија Џонов. Тој беше невропсихијатар, редовен професор, поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје, декан на Медицинскиот факултет Скопје два мандата и поранешен директор на Клиничкиот центар Скопје.

Основно образование и гимназија завршил во родниот град, а потоа во Скопје дипломирал на Медицинскиот факултет во 1967 година, додека специјалистички испит положил во 1973 година. Докторирал во Белград во 1982 година од областа на невромускулните болести.

Во декември 1969 година се вработил во Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје. За асистент бил избран во 1977 година, за доцент во 1986 година, а за редовен професор во 1996 година. Бил директор на Нервната клиника (1987-1988), продекан (1988-1990) и декан на Медицинскиот факултет во Скопје (1990-1994), како и директор на Клиничкиот центар (1997-1999).

Основач е на Лабораторијата за хистолошки испитувања на мускулната биопсија во 1978 година. Воведува современ дијагностички и терапевтски пристап кај невромускулните болести. Создава Одделение за неврологија во развојната возраст.

Објавил 107 научни и стручни трудови и реализирал научен проект за невромускулните болести во Македонија (1984-1988).

Добитник е на наградата на град Скопје „13 Ноември“ во 2010 година

Проф. д-р Џонов беше член на Надзорниот одбор на „Алкалоид“ АД од 1998 до 2023 година

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk