logo
logo
logo

ЗА УКРАДЕНИ 100 МИЛИОНИ ДЕНАРИ САМО КУЌЕН ПРИТВОР Нашето судство како пупка отворено од Заев, Филипче и СДСМ им дава кураж на криминалците

Vecer | 10.10.2025

ЗА УКРАДЕНИ 100 МИЛИОНИ ДЕНАРИ САМО КУЌЕН ПРИТВОР Нашето судство како пупка отворено од Заев, Филипче и СДСМ им дава кураж на криминалците

Криминалот на СДСМ и договорените тендери со компанијата „Марковски“ за кои ние како ВМРО-ДПМНЕ многу говоревме, бидејќи имавме големи сомнежи, излегоа дека се вистинити, соопшти владејачката партија.

„Фирмата Марковски, која во период од 2 години заработила преку државата околу 200 милиони евра, сега е осомничена дека тендерите кои ги добивала биле местени. Финансиската полиција го уапси сопственикот Борче Марковски, затоа што се товари дека го има оштетено Буџетот на државата за 100 милиони денари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Партјата додава дека излезе вистина тоа што предупредувала дека тендерите во РЕК Битола се местат за омилената компанија на СДСМ да си ќари уште некој денар плус.

„А денес сме повторно сведоци како СДСМ излегува во пресрет преку неговото купено и уценето судство на сопственикот на компанијата „Марковски“ да му се досуди куќен притвор. Сто милиони денари е еднакво на куќен притвор. Тоа е нашето судство како пупка отворено од Заев, Филипче и СДСМ. Наместо да ги казнува криминалците, судството им дава кураж на криминалците да продолжат со криминалот и да не одговараат. Реформи се повеќе од потребни во судството. Потребни е и правда и одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk