logo
logo
logo

Зделката на деценијата

Манасиевски: Левица и Апасиев се ДЕМАСКИРАНИ, аскетизмот одамна го замениле со хедонизам

Vecer | 05.04.2025

Манасиевски: Левица и Апасиев се ДЕМАСКИРАНИ, аскетизмот одамна го замениле со хедонизам

Левица и Апасиев во директен договор со извршител и банка купиле конфискуван имот за 3 пати пониска цена. Левица и Апасиев се фатени ин флагранти во зделката на деценијата, за која многу светски инвеститори можат да им позавидат, истакна Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-Само Левица и Апасиев можат да купат деловен објект одземен преку извршител од некој граѓанин или фирма кои не можеле да го враќаат кредитот, за 3 пати пониска цена од пазарната.

Левица и Апасиев кои декларативно беа против извршителите, не се колебаат да купат одземен имот, од истите тие извршители.

Уште поголем проблем е ставот на Левица дека извршителот немал ништо со преговорите, туку дека тие се договориле со банката и објектот го земале со хипотекарен кредит.

Ако договарале со банката, како истите ја постигнале таа цена, кога во околината се продава имот за 3 пати повисока цена? Дали има некој скриен договор или друга услуга која не е заведена договорно?

Граѓаните ја немаат таа среќа да купуваат одземен имот од извршители кои извршуваат граѓани во финансиски потешкотии, како Левица, ниту да се договорат со некоја банка за толку ниски цени.

Левица и Апасиев се демаскирани, аскетизмот одамна го замениле со хедонизам, ако воопшто и некогаш биле аскети, додаде Манасиевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk