Орце Ѓорѓиевски победи во сите скопски општини против Амар Мециновиќ, освен во Центар, практично речиси сите скопски општини имаа ист избор - Ѓориевски.
Според официјалните резултати од Државната изборна комисија по пребројани 100% од гласовите, на ниво на Град Скопје победникот Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 95.572 гласа (или 57,03%), додека Амар Мециновиќ од Левица освои 61.475 гласови (или 36,69%).
Ако гласовите ги погледнеме според десетте општини кои го сочинуваат Град Скопје, тогаш Мециновиќ е победник во Центар, а најубедлива победа на Ѓорѓиевски има во Сарај.
Во своите локални општини, односно општините од каде доаѓаат кандидатите, Ѓорѓиевски победи со 2:1 во Кисела Вода, а Мециновиќ загуби во својот Чаир, исто со 2:1.
Аеродром
16.827 (54,50%) - Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ)
12.337 (39,96%) - Амар Мециновиќ (Левица)
1.709 - неважечки
44,89% - излезност
Бутел
6.269 (67,42%) - Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ)
2.697 (29,01%) - Амар Мециновиќ (Левица)
332 - неважечки
28,08% - излезност
Гази Баба
13.364 (67,36%) - Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ)
5.671 (28,58%) - Амар Мециновиќ (Левица)
806 - неважечки
32,29% - излезност
Ѓорче Петров
8.848 (59,84%) - Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ)
5.320 (35,98%) - Амар Мециновиќ (Левица)
617 - неважечки
37,26% - излезност
Карпош
13.408 (46,68%) - Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ)
13.391 (46,62%) - Амар Мециновиќ (Левица)
1.925 - неважечки
50,52% - излезност
Кисела Вода
14.720 (64,21%) - Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ)
7.120 (31,06%) - Амар Мециновиќ (Левица)
1.086 - неважечки
42,74% - излезност
Сарај
3.589 (85,15%) - Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ)
446 (10,58%) - Амар Мециновиќ (Левица)
180 - неважечки
12,27% - излезност
Центар
9.812 (46,74%) - Амар Мециновиќ (Левица)
8.963 (42,70%) - Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ)
2.216 - неважечки
47,59% - излезност
Чаир
5.229 (63,23%) - Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ)
2.441 (29,52%) - Амар Мециновиќ (Левица)
600 - неважечки
14,15% - излезност
Шуто Оризари
4.355 (56,91%) - Орце Ѓорѓиевски (ВМРО-ДПМНЕ)
2.240 (29,27%) - Амар Мециновиќ (Левица)
1.057 - неважечки
32,03% - излезност
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата