logo
logo
logo

Се товари за криминал од 8 милиони евра, АРТАН ГРУБИ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО

Vecer | 23.02.2026

Се товари за криминал од 8 милиони евра, АРТАН ГРУБИ НА РАСПИТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО

Артан Груби, осомничен за проневера во „Државната лотарија“, кој утрово беше уапсен на граничниот премин Блаце и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, веќе е спроведен на распит во Обвинителството.

Груби, кој е поранешен вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, пред повеќе од една година избега од државата преку истиот граничен премин поради тоа што заедно со поранешниот директор на „Државната лотарија“, Перпарим Бајрами, беше осомничен за криминал од осум милиони евра за нарачка на ВЛТ-апарати.

Груби се бараше со меѓународна потерница, а му беше определен 30-дневен притвор во отсуство.

Истрагата за Државна лотарија е завршена, се чекаше Груби да се изведе пред лицето на правдата.

Според Обвинителството, предметот за Државна лотарија опфаќа одлуки и договори за кои постои сомнеж дека ѝ нанеле значителна финансиска штета на институцијата, проценета на над 8 милиони евра со намера да прибават противправна имотна корист за друг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk