logo
logo
logo

УПОТРЕБАТА НА ПРИДАВКАТА - МАКЕДОНСКИ не може да се забрани, вели претседателката Давкова

Vecer | 14.05.2026

УПОТРЕБАТА НА ПРИДАВКАТА - МАКЕДОНСКИ не може да се забрани, вели претседателката Давкова

Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани - истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања во однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјата поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова-Чамова, која го употреби терминот северномакедонски.

Таа нагласи дека нејзиниот став кон договорот од Преспа не е променет и посочи дека потписниците на документот треба први да инсистираат на негово доследно почитување во меѓународните односи.

- Не се забранува ниту, пак, може да се забрани употребата на придавката македонски. Впрочем, тоа е и дел од самиот договор. Е, сега, оние што го поддржале и што го потпишале договорот први треба да укажуваат на неговото почитување - изјави Сиљановска-Давкова.

Осврнувајќи се на политичката клима во регионот и новата влада во Бугарија, претседателката изрази очекување за конструктивност и водење политики засновани на добра волја нагласувајќи дека регионалното разбирање е клучно за евроинтеграцискиот пат на целиот Западен Балкан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk