logo
logo
logo

ВИКЕНДОВ ДОЖД, ГРМЕЖИ и ВЕТЕР, прогнозираат од УХМР

Vecer | 14.05.2026

ВИКЕНДОВ ДОЖД, ГРМЕЖИ и ВЕТЕР, прогнозираат од УХМР

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.

Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, и во следните денови времето ќе биде променливо со сончеви периоди во текот на денот. Поинтензивни процеси се очекуваат во сабота кога ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk