Професорката Линдита Јовановски, сопруга на кандидатот за градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, јавно им се обрати на своите сограѓани, повикувајќи ги да гласаат за нејзиниот сопруг во вториот круг кој ќе се одржи на 2-ри ноември.
Во видео обраќање на албански јазик, Линдита порача дека Кичево заслужува градски татко кој ќе работи за сите – без разлика на националност, вера или пол. Таа истакна дека токму Александар е човекот кој може да ја обедини општината и да обезбеди подобра иднина за сите граѓани.
„Почитувани кичевчани, драги пријатели. Долго размислував дали да ви се обратам, иако давам силна поддршка на мојот сопруг за да стане градоначалник на Кичево. Но, денес одлучив дека мора да ви се обратам, бидејќи имам обврска како мајка, како жена, како Албанка, која има одговорност кон своите деца и децата на сите вас“, порача Линдита.
Таа додаде дека Кичево треба да ги победи неработата со работа, неморалот со морал и криминалот со чесност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата