logo
logo
logo

Паднаа дрва во Центар, независните го нападнаа градоначалникот: НЕ СИ ЈА ВРШИ СВОЈАТА РАБОТА

Vecer | 27.10.2025

Паднаа дрва во Центар, независните го нападнаа градоначалникот: НЕ СИ ЈА ВРШИ СВОЈАТА РАБОТА

Од Шанса за Центар за паднатите дрвја утринава во Капиштец, велат дека општината се уште под власт на Горан Герасимовски од СДСМ не си ја завршила работата.

„Паднаа дрвја пред ОУ Киро Глиговор кои се пријавувани од жителите. Среќа во период кога таму не поминувале ученици или други сограѓани.

Зошто ни се случуваат вакви работи? Едноставно, општината не си ја заврши работата околу зеленилото.

Во 2023-та ни го прифатија амандманот да се направи стратегија како да се одржува зеленилото, да се види во каква состојба е, и да се зголемува плански и стручно. И конечно да се ослободат стотици дрвја кои се заробени во асфалт и други материјали кои постепено ги убиваат па потоа дрвјата паѓаат.

Двете работи уште стојат во програмите за работа на општината НЕСПРОВЕДЕНИ. Може да се дадат 50 илјади евра за копање дупки ама за стручњаци да направат стратегија не може. Нема пара во тоа изгледа“. велат оттаму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk