logo
logo
logo

НЕ СЕ ИЗГЛАСА ПРЕДЛОГОТ НА СДСМ МИНИСТРИТЕ ДА ИМААТ САМО МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО

Vecer | 18.05.2026

НЕ СЕ ИЗГЛАСА ПРЕДЛОГОТ НА СДСМ МИНИСТРИТЕ ДА ИМААТ САМО МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО

Владејачкото мнозинство во Собранието не ја поддржа потребата од измени на Законот за Влада со кои министрите би можеле да имаат исклучиво македонско државјанство. Предлогот, поднесен од СДСМ по скратена постапка, доби поддршка од 20 опозициски пратеници, без гласови „против“ и „воздржани“.

Kоординаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, го образложи предлог-законот и рече дека иницијативата е поврзана со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ пратениците да имаат само македонско државјанство.

– Пратеничката група на СДСМ предложи законот да биде компатибилен со законското решение за пратеници, односно членовите на Владата да имаат само едно државјанство, државјанство на Македонија – рече Спасовски.

Тој оцени дека доколку за пратениците се бара да имаат исклучиво македонско државјанство, тогаш истото правило треба да важи и за членовите на Владата.

– Ако пратениците во македонското Собрание можат да бидат исклучиво државјани на Република Македонија, тогаш сходно на тоа треба да имаме и вакво законско решение со кое практично ќе се ограничи само државјани на Република Македонија да можат да бидат избрани за членови на Владата – рече Спасовски.

Тој посочи дека во актуелниот владин состав има министри со повеќе државјанства, при што конкретно ја спомена министерката за енергетика, Сања Божиновска.

– Сега гледаме бугарски државјанства, чешки државјанства и така натаму, тоа е нешто што го имаме официјално за членовите на Владата и што е потврдено и пред Собранието, зборувам конкретно за министерката за енергетика Сања Божиновска – изјави Спасовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk