logo
logo
logo

Вреди тврди дека го решава тоа што ДУИ не го решила

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ СЕ ПОЛАГА И НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

Vecer | 18.05.2026

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ ЌЕ СЕ ПОЛАГА И НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК

Тоа што ДУИ не го реши две децении, ние го решаваме со конкретни чекори: Правосудниот испит ќе се полага и на албански јазик!, соопшти Вреди преку соопштение.

„Вреди докажува дека прашањата на Албанците не се решаваат со празни декларации ниту со политички импровизации, туку со конкретна институционална работа и со целосни и одржливи решенија“, се наведува во соопштението од Вреди во кое се додава дека само еден ден откако копретседателите на Вреди, Билал Касами и Изет Меџити, најавија добри вести поврзани со прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, денес тие учествуваа на работна средба со премиерот Христијан Мицкоски за унапредување на конкретното решение за овој долгогодишен проблем.

На средбата се разговарало за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит, со јасен фокус решението да биде целосно, функционално и во согласност со Уставот и Законот за употреба на јазиците.

„За разлика од претходната власт, која повеќе од две децении го држеше ова прашање нерешено и го користеше само за политичка пропаганда, Вреди постапува со одговорност и институционална сериозност за да ги гарантира правата на Албанците во пракса. Вреди верува дека образованието, правдата и јазичната еднаквост се темел на модерна и праведна држава. Затоа, решенијата нема да бидат половични, туку целосни, применливи и долгорочни, во интерес на студентите и на сите граѓани“, се наведува во соопштението на партијата Вреди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk