logo
logo
logo

Мицкоски: СО РЕШАВАЊЕ НА СКАНДАЛОТ ЌЕ ОДИМЕ ДО КРАЈ, кој ги вршел кривичните дела ќе биде гонет

Vecer | 02.09.2025

Мицкоски: СО РЕШАВАЊЕ НА СКАНДАЛОТ ЌЕ ОДИМЕ ДО КРАЈ, кој ги вршел кривичните дела ќе биде гонет

Премиерот Мицкоски денес, при тематски состанок со високи претставници на меѓународната иницијатива Партнерство за отворена власт (ПОВ) во присуство на извршниот директор на ПОВ, Аидан Ејакуза, се осврна и на актуелениот безбедносен и кривичен скандал со незаконските следења и прислушкувања кои ги утврди АНБ, а се вршеле од страна на минатата власт на СДСМ и ДУИ.

“Нашата држава се соочува со нов скандал – нелегално прислушкување и масовна злоупотреба на системот во изминатите неколку години.

Јас лично, тогаш како претседател на најголемата опозициска партија, денеска како премиер заедно со новинари, медиуми, бизнисмени и јавни личности сме биле жртва на системот кој ги следел своите граѓани. Ова не е напад само врз мене, туку врз демократијата, врз правото на слобода, врз темелите на државата.

Сакам да порачам: нема да има селективна правда. Ќе има одговорност. Ќе има правна разрешница. Нашиот народ предолго бил жртва на злоупотреби, на корупциски шеми и на тајни центри на моќ. Времето на недопирливи заврши.

Токму затоа партнерството за отворена власт е наш заеднички одговор. Затоа што таму каде што има светлина, нема простор за сенки. Кога институциите се отворени и отчетни, тогаш нема место за злоупотреба, ниту за загрозување на слободите и демократијата.

Овој состанок е доказ дека ние не бегаме од проблемите – ги решаваме.

Ние не се плашиме од предизвици – ги совладуваме.

Нашата визија е да изградиме држава со силни институции, модерна администрација, дигитални услуги достапни за секој граѓанин, со економија што расте и со општество што верува во демократијата.

Верувам дека денешните разговори ќе ни помогнат да го искористиме потенцијалот на отворената власт не само како политика, туку како култура на владеење.

Наша должност е да создадеме систем што ќе биде транспарентен, праведен и ефикасен, систем кој ќе биде во служба на граѓаните и кој ќе го врати достоинството на јавниот интерес.

Денес испраќаме јасна порака: Македонија стои цврсто на патот на реформите, на европската интеграција и на борбата против корупцијата. И од тој пат назад нема“ изјави Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk