logo
logo
logo

Срамот што Филипче ќе го плати на суд, ДО ПОСЛЕДЕН ДЕНАР ЌЕ ГО ДОНИРАМ ВО ПСИХИЈАТРИЈА БАРДОВЦИ

Vecer | 23.05.2026

Срамот што Филипче ќе го плати на суд, ДО ПОСЛЕДЕН ДЕНАР ЌЕ ГО ДОНИРАМ ВО ПСИХИЈАТРИЈА БАРДОВЦИ

Потпретседателот на владата Иван Стоиљковиќ поднесува тужба до лидерот на СДСМ Венко Филипче во врска со неговите обвинувања дека работи за српската тајна служба и дека е во дослух со Владимир Путин.

Филипче овие обвинувања ќе мора да ги докаже на суд а казната што ќе ја плати ќе оди во Психијатриската болница во Бардовци која не успела да ја превенира неговата состојба пишува Стоиљковиќ сугерирајќи на можни психички проблеми кај лидерот на СДСМ.

,,Болните фантазии и подмолните фиксации што Венко Филипче во континуитет веќе подолго време ги лансира од претседателската фотелја во СДСМ, конечно добија официјална дијагноза – во форма на судска тужба. Се разбира дека нема да барам демант или извинување. Глупаво е да очекуваш пристојност и разум од лик подготвен да гази по сопствениот образ за пет минути евтин аплауз на партиски прес-конференции и сто лајкови на социјалните мрежи”, порача вицепремиерот кој најавува дека состојбата на Филипче може да биде добра за некого.

,,Сепак, неговиот очај за внимание на крајот ќе излезе корисен. Срамот што ќе го плати на суд, до последен денар ќе го донирам таму каде што примарната дејност е токму третирањето на вакви акутни состојби на умот – во Психијатриската болница во Бардовци. Како симболичен придонес за институцијата која, за жал, овој пат не успеала навреме да превенира”, објавува Стоиљковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk