logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ:

Дали Филипче кој е воодушевен од Заев сака власт за да ја имплементира разработената шема – ЕВРО за Вицето?

Vecer | 29.04.2025

Дали Филипче кој е воодушевен од Заев сака власт за да ја имплементира разработената шема – ЕВРО за Вицето?

Венко Филипче отворено призна дека до милиметар ги следи политиките на неговиот претходник и ментор, Зоран Заев, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Филипче, исто така, тврди дека нема друг како Заев, треба да се искористи неговото искуство и дека од неговите методи народот треба да учи.

- Еден од методите на функционирање и работење во периодот на владеење на Зоран Заев, беше методот евро за Вицето. Тоа беше начин на кој Заев ги рекетирал граѓаните додека го водеше градот Струмица. Немаше инвестиција да помине во градот, а Заев да не побара евро за брат му, Вицето.

Цела јавност го слушна Заев како вели дека сите во Струмица на кои им легализирал објекти, плаќале по истата шема – евро за Вицето. Ова ли е искуството и методот на работа на Заев, на кој Филипче се воодушевува?

Дали Филипче учи од Заев кој ја ограби Македонија и кој после си донесе измени на Кривичниот законик со цел да не одговара за ништо? Учи ли Венко Филипче од неговиот ментор и учител, Заев, како да рекетира? Следствено на ова, се покренува прашањето се бори ли Филипче за власт, за да може да го имплементира методот на неговиот претходник и учител Заев, евро за Вицето?

Но, од друга страна, добро е што Филипче јавно и јасно им стави до знаење на граѓаните, за никој да нема дилема дека тој е ученик и послушник на Заев, кого го интересира само да се дограби до власт за да ги применува неговите методи и добро разработени рекетарски шеми, со кои ја ограби и опустоши Македонија, се вели во соопштението на партијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk