logo
logo
logo

До вторник СТАБИЛНО ВРЕМЕ, потоа НОВА ПРОМЕНА

Vecer | 11.10.2025

До вторник СТАБИЛНО ВРЕМЕ, потоа НОВА ПРОМЕНА

Променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен северен ветар. Во североисточните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 10 степени, а дневните до максимални 22 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.

За утре се најавува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

До вторник времето ќе биде претежно стабилно со дневна температура малку под просекот за овој период од годината. Кон средината на следната седмица под влијание на влажна и посвежа воздушна маса ќе има услови за локални врнежи од дожд и опаѓање на дневната температура за неколку степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk