logo
logo
logo

Мицкоски на терен во „Дрисла“: СИТУАЦИЈАТА Е СТАБИЛНА

Vecer | 14.09.2025

Мицкоски на терен во „Дрисла“: СИТУАЦИЈАТА Е СТАБИЛНА

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја посети депонијата „Дрисла“. 

– Денеска ја посетив Дрисла, каде што се уверив дека пожарот е целосно локализиран и ставен под контрола. Благодарение на навремената интервенција на службите, ситуацијата е стабилна и не постои опасност за понатамошно ширење, напиша премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.

Покрај премиерот, на терен беа и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Ангелов претходно соопшти дека во „Дрисла“  продолжува затрупувањето на преостанатиот дел од кој и по гаснењето на пожарот продолжи чадењето. Половина од местото коешто гореше во „Дрисла“ вчера е затрупано, рече директорот на ДЗС

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk