logo
logo
logo

„ЗЕМЈА БЛАГОСЛОВЕНА СО СОНЦЕ“ - „CNN Travel“ ја открива МАКЕДОНИЈА

Vecer | 13.04.2026

„ЗЕМЈА БЛАГОСЛОВЕНА СО СОНЦЕ“ - „CNN Travel“ ја открива МАКЕДОНИЈА

„Повеќето посетители на Европа ги фокусираат своите патувања во Франција, Шпанија и Италија, но импресивниата 44-та земја членка на ОН, од европскиот континент, дефинитивно треба да се истражи...“, ја започнува својата анализа престижниот „CNN Travel“.

Македонија добива нови пофалби од светските медиуми за својата уникатна туристичка понуда. CNN Travel ги истакнува планините, виното и Охрид, како дел од клучните причини за посета.

Покрај Охрид, кој како дел од наследството на УНЕСКО останува главен адут со своето древно езеро и уникатна биодиверзитетна вредност, земјата сè поуспешно ги промовира и останатите содржини. Од културното богатство на Старата скопска чаршија и природната убавина на Матка, па сè до винските патишта и националните паркови, Македонија нуди компактно искуство каде природата и историјата се на дофат на рака, пишува Си-Ен-Ен.

Растот на интересот веќе е потврден и со официјалните бројки: во 2025 година бројот на странски туристи бележи скок од 10,3 отсто, што е јасен сигнал дека земјата повеќе не е само „добро чувана тајна“, туку сериозен конкурент на балканскиот пазар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk