logo
logo
logo

Објавено ВИДЕО од обидот за палење на синагогата во Скопје

Vecer | 13.04.2026

Објавено ВИДЕО од обидот за палење на синагогата во Скопје

Амбасадорката на Израел во Македонија, Вивијан Ајзен, објави видео-снимка од обидот за опожарување на синагогата во Скопје, направена од безбедносни камери.

На снимката се гледаат две лица како прескокнуваат ограда и се доближуваат до влезот на објектот. Потоа, тие прскаат со запалива течност, по што фрлаат факел и предизвикуваат пожар.

Од СВР Скопје за МИА изјавиле дека во двор на верски објект биле забележани канистар за гориво и траги од горење.

Еврејската заедница во Македонија го осуди овој чин и апелира до надлежните органи за целосно расветлување на случајот и доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk